REBIS - е професионално танцово и аеробик студио со најдолга традиција во Македонија, кое веќе дваесет години успешно работи со деца, со млади и со возрасни лица, со можност за рекреативно или професионално определување.
По изборот на програмата секој член се запишува во групата која одговара на неговата возраст, но и претходно искуство и желба. Групите се со ограничен број на членови што, всушност, овозможува индивидуален пристап до секој ученик. Напредокот на членовите се следи континуирано што значи дека за најталентираните патот до професионалната група е лесен и едноставен.
Кога членот ќе стане дел од професионалната група, и покаже извонреден труд, редовност, дисциплинираност и талент, има можност да настапува на концерти, натпревари, манифестации, тв-емисии и слично.
REBIS – изведува самостојни проекти, модерни балетски претстави, како што се: „Калеидоскоп“, „Пасион“, „Шенген“, детски балетски претстави: „Пепелашка“, „Црвенкапа“ и, како придружна група на концерти соработува со многу македонски естрадни ѕвезди. Танчерите на „Ребис“, под будното око на нашите педагози кои работат на усовршување на нивниот сценски настап, учествуваат во спотови и фестивали, како и во драмски претстави, како што е „Соларис“, потоа, мјузикли – „Чија си“ и др.
„Ребис“ секогаш располага со најдобрите кореграфии, секоја година различно спремени во поголем број за да танчерите успеат да совладат повеќе стилови и чекори. Истите кореографии се адаптираат за танчери од најразлични возрасти – деца од 6-12 год., млади танчери од 12-16 год. и професионални танчери. Оваа програма се изведува на разни пригоди, како обележување на значајни датуми на успешните фирми во Македонија, саеми, конгреси и др. Секоја година „Ребис“ соработува и учествува на слични настани доколку тие се афирмативни и репрезентативни.
Тимот на „Ребис“ секогаш го селектира само најдоброто – ние учествуваме само на настани и натпревари кои ќе го потврдат и зголемат реномето, кое ова студио го негува веќе 20 години.
На крајот на секоја учебна година, „Ребис“ го изведува својот традиционален годишен концерт во кој учество земаат сите редовни членови. Станува збор за спектакуларен настан кој не го одминуват танчерите, но и познатите актерски имиња и естрадните ѕвезди.
Педагошки момент
Велат – „во здраво тело, здрав дух“. Поддржувајќи ја таа максима ние во „Ребис“ посебен акцент ставаме и на „педагошкиот аспект“ – подготовките за јавни настапи на ТВ или на театарска сцена кај учесниците всадува љубов кон оваа уметност и ја потврдува тезата дека трудот и работата секогаш даваат соодветни резултати.
Концерти и активности
Ребис е дел од сите значајни манифестации, концерти, културни и естрадни настани во Македонија. Годинешниот план на „Ребис“ предвидува и самостојни активности, што всушност значи дека членовите на балетското студио се ангажирани континуирано во текот на годината.
Дипломи
Редовните членови на „Ребис“ добиваат соодветен документ – Диплома за стекнатите знаења која овозможува понатамошно усовршување во понапреден степен. Нашата диплома им помогна на многу наши членови да продолжат со своето школување во западноевропските земји и во САД. Врачувањето на дипломи пратставува свечен чин – во чест на учесниците на концертот се одржува традиционалната коктел-забава.


