Fit Ball Aerobic
Fit Ball Aerobic или Аеробик на топка, претставува уникатен систем на аеробни вежби кој што се состои од комбинација на вежби кои се изведуваат на топка (во седечка или лежечка положба), скокови и поскоци на, покрај и околу топка, каде што истовремено се вежбаат долните и горните екстремитети, вежби за јакнење на стомачната и грбната мускулатура, како и вежби за истегнување и опуштање.


