Oriental Dance
Се повеќе жени откриваат волшебност во танцови кои свои корени ги имаат во ритуални танцови на плодност, а називот стомачен танц се добива на почетокот на 20 век во Египет. Предностите на овој женствен танц се физички и ментални, за сите возрасти и телесни конституции. Ја подобрува флексибилноста на телото, кардиоваскуларниот систем, а истовремено ја зголемува самодовербата и позитивниот однос кон сопственото тело.


