По изборот на програмата секој член се запишува во групата која одговара на неговата возраст, претходно искуство и желба.

Членовите во рекреативни групи можат да одберат програма во која ќе комбинираат повеќе различни типови на рекреација со цел да имаат поголем напредок и разноврсност во вежбањето.

- Едукативните групи се поделени по возраста почнувајќи од најмали (4 годишна возраст), а горниот лимит не постои со што со танц може да се занимаваат сите без оглед на возраста.
- Групите се со ограничен број на членови што овозможува индивидуален пристап до секој ученик.
- Напредокот на членовите се следи континуирано така да патот е лесен до професионалната група (доколку членот покаже извонреден труд, редовност, дисциплина и талент).
- Членовите настапуваат на концерти, манифестации, ТВ емисии и натпревари.

Сите членови во едукативните групи го прикажуваат својот труд и своите достигнувања на традиционалиот годишен концерт на Ребис, кој е и завршен испит, по кој членовите се здобиваат со диплома за одреден степен и следната година имаат можност да се усовршуваат на понапреден степен.

QR Code Business Card