Членовите кои ќе покажат извонреден талент, труд, редовност и дисциплина стануваат дел од професионалната група во која членуваат само најдобрите.
Професионалната група на Ребис секогаш има подготвени кореографи за потребите на културни манифестации, концерти, натпревари како и ТВ емисии.
Ребис е дел од сите значајни манифестации, концерти, промоции, културни и естрадни настани во Македонија, како и во натпревари внатре и надвор од државата. Ребис има учествувано во повеќе од стотина емисии на Македонска Телевизија како што се ТВ портрети на најпознати естрадни македонски звезди, Новодогишни и Евровизиски шоуа, учество во забавни емисии на сите македонски телевизии, учество во културни програми како и поетски емисии.
Професионалната група исто така настапува на промоции на познати брендови и успешни македонски фирми, како што се учество во промоција на Mercedes, Toyota, Swarovski, Microsoft, Тиквеш, Renault, Champion, Телеком, Пивара, Алкалоид, Tinex итн. Исто така професионалните танчери од Ребис учествуваат и во драмски претстави во Драмски Театар, Универзална сала, МНТ- Соларис.
Професионалната група на Ребис е дел и од современите балетски остварувања кои се дел од продукција на Ребис. (Пасион, Калеидоскоп, Шенген, Ориент Експрес, Like) како и детски претстави во продукција на Ребис (Пепелешка, Црвенкапа).


